Божиќно прасечко во пиво

За уште повкусна божиќна трпеза подгответе го крцкавото прасечко како вистински гастрономски мајстор!

Намирници – Прасечко месо (2,3, 4 кг), плешка со ребра, бутче. Сол, 100 мл масло, 500 мл пиво, 30 грама маргарин.

Подготовка – Парчето месо измијте го и исушете го со крпа. Засечете го на местата кои се подебели, посолете го, особено во резовите. Убаво посолете триејќи со раката. Во тепсија за печење налијте 200 мл вода заедно со маслото, па ставете две три даскички, за прасечкото да не биде баш во тој сок и да не се вари во него. Загрејте ја рерната на 220 степени, ставете го прасечкото да се пече, па намалете ја температурата на 200 степени. Повремено преливајте врз прасето со сокот од печењето. Водата кога ќе испари, додавајте за маслото да не почне да гори. После 1 час печење, намалете ја повторно рерната сега на 180 степени. Прелијте го прасето со пиво. Превртувајте го печењето и поливајте го убаво со пиво. Печете уште 1 час, па повторно отворете ја рерната и премачкајте ја кората на месото (за да биде крцкава) со маргарин. Печете уште еден час потоа, односно додека печењето не стане румено, а коските почнуваат да се гледаат однадвор.

Изладено се сече и послужува.

x

Check Also

Слатко-солено пилешко со брокула

Брокулата не само што е многу здрава туку е и вкусна намирница. ...