Божиќни подароци вредни милион долари: да, има и такви! (ФОТО)

Божиќниот подарок би требало да претставува еден вид на ритуал, без разлика на тоа дали станува збор за сувенир од едно до две евра, за книга, вратоврска или божиќно чорапче полно со колаченца. Сепак, има и такви кои се во можност да дадат и милион долари за подарок кој ќе импресионира и ќе се памети.

 

Празничните каталози на светските луксузни марки нудат идеи за божиќни подароци кои, верувале или не, може да чинат и до милион долари. На пример, на главната фотографија (од овој текст) е претставен приватниот ресорт Карибијан Хајдвеј на островчето Мјустик. Изгледа како да е вистински рај на Земјата, топло љубовно гнездо во кое може да се избега од метежот и вревата на секојдневниот живот, со поглед на океанот, вила со 5 спални, 5 бањи, приватен базен и огромна градина. Не прашувајте колку чини, зашто ќе добиете вртоглавица. А и бездруго, вилите  се веќе букирани.

podarok 2

Аукциската куќа Сотеби веќе најави дека ќе понуди неколку исклучителни шишиња вино со берба од 1982 година. Божиќната аукција ќе се случува во Лондон на 10-ти и 11-ти декември, а меѓу специјалните вина ќе се најдат и  Chateau Lafite и Chateau Petrus. За оние пак со уште подлабок џеб – La Tache (1990 година) и Domaine de la Romanee кои се проценува дека ќе достигнат цена од 32.000 до 46. 000 фунти.

podarok 3

Картие дава идеја за супер-луксузен божиќен подарок за дамите. Станува збор за антички накит од серијата Тути фрути. Една таква нараквица од оваа серија ќе биде ставена на аукција во Кристис на 10 декември. Арт-деко нараквицата, инаку, се проценува на 300.000 до 500.000 долари.

podarok 4

Можеби секоја жена сонува еднаш во животот да изгледа како принцеза  или така да се чувствува. Атељето на Долче и Габана во Милано го изложи специфично изработениот фустан, во еден примерок. Нема цена на него, ама претпоставуваме…

podarok 5

И уникатно парче мебел може да биде совршен божиќен подарок. Зошто да не се искомбинираат, на пример, љубовта кон дизајнот и љубовта кон поп-културата? Кралот Џофри изгледа совршено, но не можете да го имате без 24.170  евра.

podarok 6

Стара виолина? Може и тоа, особено ако е од марката Страдивариус (што тешко дека ќе ја најдете). Дузина ретки инструменти веќе се нудат на продажба во чест на божиќните празници. Оваа виолина (на фотографијата), не е Страдивариус, ама чини 3.750 фунти.

podarok 7

Автомобил од марката Порше.  И тоа – Porsche 918 Spyder Hybrid. Еден од најбрзите и највозбудливите автомобили во светот.

podarok 8

 

Подарок за вашата мала, слатка богаташка. Таа веројатно сонува за едно пони, но божиќните каталози на сериозните стоковни куќи во својата понуда (главно облека), нудат и расни коњи. На пример, британскиот Њумаркет.

podarok 9

Антички костум Armour. Дефинитивно ќе ве врати во трендот на средновековниот период. Чини 100.000 фунти.

podarok 10

Слика! Уникатен подарок кој се наследува од генерација на генерација, особено ако е со славен потпис. Кејт Мидлтон веќе го доби својот портрет кој е изложен во Националната галерија во Лондон. Автор на портретот е Пол Емсли. Слушнавме дека не прави портрети само за претставниците на кралските семејства и славните личности, туку може да направи и за вас еден. За цената, видете тоа со него.

М.Б.

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...