Божиќен концерт во Скопје со музика на инструментот орган

И оваа година, по повод католичкиот Божиќ, Италијанската амбасада – Скопје во соработка со Скопскиот Бискуп, го организира веќе традиционалниот концерт на инструментот орган за добротворни цели.

Ливија Мацанти

Ливија Мацанти

Концертот ќе се одржи денес (11 декември) во 19 часот, во католичката катедрала во Скопје и е една од ретките прилики во Македонија да се слуша музика на орган.

Гостинка ќе биде познатата италијанска органистка Ливија Мацанти, која одржа сличен концерт пред две години, и тогаш во пресрет на католичкиот Божиќ.

Богатата музичка програма е во дијапазонот од Бах  и Перголези  па до поновите дела како музиките на Кагел и Виере – значи се работи за богата музичка програма за орган, италијанска и европска.

x

Check Also

Samsung го претстави најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy A31, смарт телефон кој доаѓа ...