Братот на Кејт Мидлтон, Џејмс, во самоизолација им подготвува свечена вечера на своите кучиња

Братот на Кејт ги поминува деновите во домашен карантин во друштво на неговите четириножни пријатели на оригинален начин. И тој не е единствен кој периодот на коронавирусот го минува во друштво на домашните миленици: од Лејди Гага до Ентони Хопкинс и Тејлор Свифт, еве кои ѕвезди во моментов уживаат во друштво на животните.

Ако се препорачува држење растојание од пријателите и роднините во овој период, нема причина да се избегне дружбата со домашните миленици.  Затоа, Џејмс Мидлтон организирал вечера во својот дом за своите четири кучиња, со кои е многу приврзан: всушност, на братот на војвотката му е препишана терапија против депресија и тоа со миленичиња, па оттука тие имаат важна улога во неговото закрепнување од депресија.

Џејмс за миленичињата подготвил маса украсена со многу цвеќиња и свеќи, чаши и прибор за јадење – садови за кучиња со нивната омилена храна. Потоа, ги натерал четворицата крзнени пријатели да седат секој на своето место, обезбедувајќи им и розови салфетки заврзани околу вратот. И, пред да започне вечерата, секое куче позира…

„Социјализирајте се за време на социјалната изолација. Кој сака да се придружи? “ , пишува Џејсм на Инстаграм.

И Ентони Хопкинс ужива во друштво на милениците. Погледнете го неговото видео постирано на Инстаграм. 

Еве кои други ѕвезди се во самоизолација во домашна атмосфера со четвороножните пријатели. 

 

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...