Девојки, напред! Гласаме (и навиваме) за фраер: Фернандо Торес VS Робин Ван Перси

Натпреварот Шпанија – Холандија започнува во 21 часот. Подгответе ги косите. Се разбира, за кубење.

 

Ма, какво пиво! Ви препорачуваме едно живо јајце да конзумирате пред жешкиот фудбалски натрпевар на Шпанија и Холандија што ќе се случува вечерва во 21 часот. Наштимувајте го гласот. Не, не дека ќе треба да пеете оперски арии туку за да „засвирите“ со сите гласни жици. И натапирајте си ја косата (така полесно може да се кубе, а при тоа да остане и да изгледа совршено тренди).

Значи, од едната страна на теренот е суперхеројот Фернандо Торес, а од другата страна е суперменот Робин Ван Перси.

 

Фернандо Торес

Фернандо Торес

Што знаете за Торес освен за тоа дека е баш фраер?! Знаете ли дека, на пример, својата кариера ја започнал како голман ама затоа што изгубил многу заби почнал да игра како напаѓач. Ехеее, со 50 милиони британски фунти не само што се менува цела вилица туку се отвора и цела „вселенски“ опремена стоматолошка ординација која гарантира дека ни при најцврст орев забот нема да ви напукне. Е овој фраер со совршени заби (кој денес може да биде и заштитно лице, на пример, на Колгејт) ќе ги брани боите на Шпанија. Патем, за шпанската фудбалска репрезентација дебитираше во 2003 година. И веќе цела деценија сите женски погледи се на негова страна. Слободно зјапајте во него вечерва ако сте за Шпанија.

Од спротивната страна е уште еден супер -фраер кој се врти на името Робин Ван Перси. Ако доволно гласно викате, ќе се сврти и ќе ве погледне преку екранот. Гарантираме. Особено ако почнете да рецитирате нешто, на пример стихови од Хари Мулиш. Ја разбира секоја уметност (како дете родено во уметничко семејство), ама ете станал фудбалер. Да не станеше тоа што е, како вечерва ќе навивавте за Холандија?

 

Робин Ван Перси

Робин Ван Перси

Со оглед на тоа дека фраерот Торес е роден во ист ден со една од уредничките на макмода.ком, а ние сме против секакви „астролошки врски“, најстрасно ќе навиваме за Ван Перси. Во име на уметноста на фудбалскиот терен.

Ај да го слушнеме вашиот глас.

М.М

x

Check Also

Ајде, на паметен шопинг: 50% попусти на колекцијата есен/зима во Carter`s и OshKosh B’gosh

Подобро време за шопинг не може да биде! Carter`s и OshKosh B’gosh нѝ ...