Бразилска диета

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети и овозможува експресно губење на тежината. Бидејќи диетата постои во две верзии, супер-брза и нормална верзија, ние се одлучивме за втората. Оваа варијанта на бразилска диета се држи 4 недели и со неа може да се изгубат и до 1о килограми месечно. Се јаде 4-5 пати на ден, а основните прехранбени производи се главно зеленчук и овошје.

br12

Бразилска диета – седумдневно мени

Понеделник

Појадок : 1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал.

Ужина : 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост.

Ручек : 100 гр. варена риба, 100 гр. салата од свеж зеленчук.

Вечера : – исто како и ручекот.

Пред спиење : 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Вторник

Појадок : 1 меко варени јајца, 1 чаша сок од јаболко.

Ужина : 1 мало парче тост, 1 чаша сок од јаболко.

Ручек : 100 гр. варено месо, 2 варени компири, 4 листови зелена салата.

Вечера : 200 гр. варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, зелен грашок (свеж, ако го има, ако не тогаш од конзерва).

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 1 тост.

Среда

Појадок : 1 чаша млеко со малку маснотии, 1 парче тост

Ужина : 100 гр. сирење со ниска масленост.

Ручек : 100 гр. ориз, 150 гр. салата од свежа зелка со прелив од еден лимон и 1 лажица ситно сецкан лист од магдонос.

Вечера : 100 гр. варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 1 мало парче тост.

Четврток

Појадок : 1 чаша сок од ананас, 60 гр. од ананас

Ужина : 1 чаша сок од ананас, 1 мало парче тост.

Ручек : 100 гр. варено месо, малку кашкавал и еден портокал.

Вечера : 2 варени компири, 150 гр. салата од свежо рендан морков со малку масло.

Пред спиење : 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост.

Петок

Појадок : 1 чаша сок од јаболко и 1 мал тост.

Ужина : 1 јаболко, 1 портокал.

Ручек : 150 гр. варена риба, 2 мали варени моркови.

Вечера : 1 чинија супа од зеленчук (или чинија со крем супа од печурки или чинија рибја чорба), мало парче леб.

Пред спиење : 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче тост.

Сабота

Појадок : 1 чаша сок од јаболко, 1 парче тост.

Ужина : 150 гр. варена рендана салата од цвекло со малку растително масло.

Ручек : 1 чинија супа со зеленчук, печурки или рибја чорба, 1 мало парче леб.

Вечера : 100 гр. печурки, 100 гр. салата од свеж зеленчук (по желба)

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 2 свежи бисквити.

Недела

Појадок : 1 банана, 1 грст грозје

Ужина : 1 чаша сок од моркови, 1 мало парче тост.

Ручек : 100 гр. варено месо, 100 гр. салата од свежа зелка, зелен кромид и сок од лимон.

Вечера : 1 чинија зеленчук или рибја супа со печурки, 100 гр. овошје, 4 листови зелена салата.

Пред спиење : 1 чаша сок од јаболко, 2 суви смокви.

 

Горенаведеното мени се повторува по потреба од 2 до 4 недели, но не повеќе од тоа. Враќањето на „нормална” храна се постигнува со зголемено консумирање на овошје и зеленчук, а потоа и со благо зголемување на храна која има протеини. Бидејќи оваа диета е богата со овошје и зеленчук, не може да дојде до дефицит на витамини и минерали. Исто така, распоредот на оброците е таков што не би требало да бидете гладни, ниту да имате промени со нивото на шеќерот во крвта.

Активност

Се препорачува секојдневна умерена активност : 30 минути брзо одење, возење велосипед или пливање.

 

 

 

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...