Бред Пит блесна во шоуто на Елен Деџенерис

По разводот со глумицата Анџелина Џоли, Бред Пит на голема врата се врати во јавноста – прво појавувајќи се на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција, а вчера и во популарната емисија на Елен Деџенерис.

Бред ги следеше шегите на Елен, па евоцираа спомени кога за првпат се сретнале – тоа било во 90те години на забава кај заедничката пријателка Мелиса Етериџ. Бред ја потсети Елен дека на таа забава флертувала со нејзината тогашна девојка.

– Всушност, мислам дека излегував и со една од твоите девојки, – рече на шега Елен.

Популарниот холивудски глумец ги израдува фановите што се врати во јавноста, па коментарите на социјалните мрежи се бројни од тоа дека е суперзгоден, до тоа дека е многу забавен и расположен.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...