Бред Пит и Анџелина Џоли напредуваат во смирувањето

Бред Пит и Анџелина Џоли, по 3 години битки во судницата за старателство на нивните деца, се чини дека конечно нашле начин да се разберат и договорат.

Всушност, и покрај гласините што континуирано ја опкружуваат двојката Бранџелина, извор потврдил за американските весници дека тензиите меѓу двете глумачки ѕвезди речиси и веќе да не постојат.

„Работите меѓу Бред и Анџелина никогаш не минале толку добро како што се прават сега, двајцата се многу посрдечни еден кон друг и навистина бараат решение што е задоволително за двајцата“, вели изворот.

За време на 12-те години од нивната врска, тие имаа шест деца: Мадокс, 18, Пакс, 16, Захара, 15, Шило, 13 и 11 годинишните  близнаци Нокс и Вивиен.

По многу подеми и падови поради разделбата, односот меѓу Бред Пит и неговите деца сега се чини дека дефинитивно се подобри, а Анџелина е многу среќна поради тоа, тврди изворот.

Изворот додаде и дека Џоли е „навистина импресионирана од континуираната трезвеност на Бред“.

Неговиот проблем со алкохолизамот се беше она што ја натера Анџелина да поднесе барање за развод.

Оскаровецот веќе година и половина посетува анонимна група за поддршка на алкохоличари и оттогаш е трезен, успевајќи да си го врати животот.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во ...