Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Бред Пит и Џенифер Анистон треба да глумат заедно во филм. И тоа за првпат би биле заедно на филмското платно. Оваа вест ги израдува нивните фанови, но и фановите кои им се заеднички и кои навиваат славната поранешна двојка да се смири.

Според повеќе американси списанија, откако Џенифер и Бред успеале да станат пријатели, почнале да добиваат и предлози за улоги во филмови во кои би глумеле еден покрај друг. Но, овојпат, предлогот го прифатиле.

„Инсајдер“ пишува дека станува збор за романтична комедија и дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за филмот и за тоа кога ќе почне да се снима.

Додека на филмското платно поранешниот славен пар не сме ги виделе заедно, Брет Пит еднаш се појави до Џенифер Анистон на малиот екран, во серијата „Пријатели“ во 2001 година. Но, само во една епизода. Четири години подоцна Џенифер и Бред се разведоа, а причините веќе се познати…

заедно во една епизода на серијата Пријатели, во 2001 година

Минатиот февруари, по разводот на Џенифер Анистон и Џастин Теро, започнаа гласовите дека е можно таа и Пит повторно да започнат врска, особено што и Бред Пит се разведе од Анџелина Џоли.

Неодамна, во интервјуто за списанието „Инстајл“ , Анистон рече:

„Луѓето имаат погрешни претстави за мене-Џен не успева да задржи еден човек, Џен одбива да има деца затоа што е егоист и зафатена со својата кариера, Џен е тажна. Прво, со сета почит, немам скршено срце. И второ, ова се несовесни претпоставки. Никој не знае што се случува зад затворенитe врати. Никој не размислува колку ситуацијата би можела да биде деликатна за мене и за мојот партнер “.

Понатаму, во интервјуто, Џенифер си даде можност еднаш засекогаш да разјасни за сите свои гледишта околу прашањето за деца:

„Луѓето не знаат низ што сум поминала од емотивна и медицинска гледна точка. Постои силен притисок врз жените да бидат мајки, а ако не се, тогаш тие се сметаат за оштетена стока. Можеби мојата мисија на оваа планета не е да создавам деца. Можеби има и други работи што треба да ги направам. Се фокусирав на мојата работа, моите пријатели, моите животни и на тоа како можеме да го направиме светот подобар“.

x

Check Also

Изглед на денот: Виолетовиот фустан на Кејт Мидлтон (сличен модел има во Marks & Spencer)

По шестмесечниот постпородилен период на пауза, кој го помина уживајќи со малиот ...