Бред Пит – најблескавaтa ѕвездa на 76. Филмски Фестивал во Венеција

На црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција вниманието го „украде“ филмската ѕвезда Бред Пит, во многу елегантно издание и со широка насмевка на лицето. За сега, може да се каже, дека Пит е кралот на црвениот тепих во Венеција.

По бурниот развод со глумицата Анџелина Џоли, во тешкиот период во кој тој беше обвинет од поранешната сопруга и за семејно насилство, па и за конзумирање на прекумерни дози алкохол, малкумина се обложуваа или веруваа дека Бред Пит повторно ќе се врати на сцената. Но, на Филмскиот фестивал во Венеција тој покажа дека неговото враќање е многу големо!

На црвениот тепих, за премиерата на филмот Ад Астра, Бред Пит  блесна во препознатливиот стил, со долга коса, и прекрасно лице и покрај 55-годишната возраст. А најубавото на него, според многумина, е животната радост која зрачи.

Пит се задржал подолго на цврениот тепих, ставајќи се на располагање за бројните прашања од новинарите, како и за потписи за неговите бројни фанови.

Во едно од интервјуата кое го дал на овој црвен тепих, тој објаснува дека не го сака името на секс симбол. Многумина од присутните фанови пак, го поздравија неговото големо враќање со зборовите Добредојде Бред.

 

 

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...