Глумецот Бредли Купер и супермоделката Ирина Шаик биле заедно на наедн настан во Лондон, во чест на BAFTA наградите, осум месеци по разделбата. Двајцата изгледале смирено и задоовлно на забавата Фешн енд Филм на британскиот Вог и Тифани.
Прекрасниот мрежаст фустан на Шаик е од марката Burberry by Riccardo Tisci, со ефект – гледам, не гледам.
И Бредли Купер – многу елегантен, во костум во темна нијанса.
Иако никој не очекуваше да ги види заедно на настанот, очигледно разумот преовладал кај двацата екс партнери кои сега се во одлични пријателски односни.