Бредли Купер секси татко на прошетка со ќеркичката

Еден од аспектите што ги зближи sвездите и обичните луѓе за време на коронакризата е фактот дека ни тие не можат да одат на фризер. Исклучок не е ниту Бредли Купер (45), кој покажа лежерен изглед на прошетка со својата тригодишна ќерка Леа.

Глумецот е фотографиран на њујоршките улици во фармерки и едноставна бела маица. Но в очи паѓа еден необичен моден додаток, розовата лента на малото девојченце кое се наоѓа во неговата коса. Интересно решение да се прибере очигледно добро подраснатата коса.

Дури и со ваков женски додаток во главата, актерот не губи ни грамче од шармантноста и сексапилноста. 

Купер и неговата ќерка живеат во Њујорк, а во истиот град живее и супермоделката Ирена Шаик, па така после разводот, двајцата родители можат да се посветат на девојчето.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...