Бредли Купер со ќеркичката Леа на црвен тепих

Први фотографии во јавноста на глумецот и неговата двегодишна ќеркичка Леа.

Популарниот холивудски глумец Бредли Купер се појави во Вашингтон на промоција на колегата Дејв Шапел. Ова е прва официјална пригода каде таткото и ќерката се појавуваат заедно. Леа ужива во прегратките на татко си кој ја држи цврсто во рацете. Невозможно а да не се забележи колку русокосото девојченце е негова „копија“.

Инаку, Леа е родена од неговата врска со топ моделот Ирина Шаик. Според гласините, Леа била со мајка си за време на викендот со којашто зборува и на руски и на англиски јазик, а поради обврските на Ирина, за девојчето вечерта се погрижил Купер.

Ова е прв црвен тепих за Леа во нејзиниот живот.

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...