Бремената Ешли Грем блесна на модната писта на ревијата на Томи Хилфигер

Иако е бремена, популарната „плус сајз“ манекенка, Ешли Грем, не се повлече од највниот живот. Деновиве со својот голем, бремен стомак, таа е ѕвезда на Њујоршката модна недела.

31-годишната убавица присуствуваше на повеќе важни забави кои се организираат на модната недла, меѓу кои на Харперс Базар Ајконс, и на ревиите на Кристијан Сириано и Таргет. Но изненадување беше кога се појави на модната писта на ревијата на Tommy Hilfiger x Zendaya. Новата колекција на Томи Хилфигер е дизајнирана во соработка со Зендаја, а акцентот е на стилот од 70-те години.

Други познати личности кои ја презентираа колекцијата на Хилфигер беа Вини Харлоу, Халима Аден, Кендис Свонепул и Сара Сампајо.

Во првите редови пак, на оваа ревија седеа сестрите Џиџи и Бела Хадид, Оливија Палермо и Меган Тренор.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...