Бремената Ешли Грем со серија на фитнес вежби ги охрабрува девојките да вежбаат!

Ешли Грем е  девојка со раскошни облини, докажана во манекенските води и во сите други области од нејзиниот живот, вклучувајќи го и вежбањето.

31-годишната манекенка, неодамна, на Инстаграм сподели дел од нејзината фитнес рутина, која за мрзливите луѓе изгледа прилично интензивна. Но оваа супердевојка продолжува да се грижи за својот изглед иако е бремена и го очекува своето прво дете со сопругот Џастин Ервин.

„Тоа е начин на живот“, нагласи таа.

Низ серијата фитнес вежби ја водеше нејзиниот личен тренер Кира Стоук.

Инаку, Ешли е од оние модели кои ги охрабруваат девојките ширум светот да си го сакаат своето тело.

x

Check Also

Три најчести фитнес грешки поради кои се откажуваме од тренинг и слабеење

Овие три грешки прават најголем проблем во постигнувањето на целите – цврсто ...