Брендот DAGI со своја прва продавница во Македонија

Денес, 29ти јануари, се отвара новата продавница за долна облека во центарот на Скопје. Сега, ГТЦ се збогати за уште еден бренд кој го има во светски размери – DAGI. Тој е познатиот турски бренд за долна облека кој постои од 1984 година, а е застапен во повеќе од 35 градови во светот. Генералниот застапник за Македонија е познатата македонска компанија Де-Та Дејан, која ги носи светските трендови во нашата држава како што се производите на Penti, Happy Socks, NBB, Pompea, а најмногу е позната по сопствените брендови Sara Fashion, Red Star и Sara Fashion PREMIUM.

Во првото продажно место на брендот DAGI во Скопје, кое се наоѓа во ГТЦ на приземје, можете да пронајдете софистицирани, квалитетни и трендовски модни парчиња на долна облека, пижами и чорапи, достапни за жени, мажи и деца. Нивната изработка е со современа технологија користејќи висококвалитетни материјали, чии дизајни ги пратат моменталните сезознски трендови.

Удобни, трајни, креативни, иновативни, фокусирани на развој во индустријата, DAGI и неговите производи ги прават среќни потрошувачите, купувачите, вработените и соработниците.

Класични, тантелни, свилени, памучни, сите колекции на DAGI имаат своја препознатливност, но заедничко им е тоа што ги носат најголемите трендови со супер понуда за своите потрошувачи. Една таква понуда е оваа по повод нивното отворање каде имаат до –30% попуст на производите и тоа: машките и женските пижами на -30%, женски акцесоари со -30%, женски сетови на градник со килоти, засебни модели на градници, наметки и боди модели со -20%, како и машки маици, боксерки, слип килоти со -20% попуст.

Оваа добредојде акција трае само четири дена, т.е. до 1ви февруари, сабота.

Следете ги на нивните профили на фејсбук и инстаграм за сите дополнителни инфомрации за вашиот нов омилен бренд за долна облека – DAGI.

Следете ги новостите од DAGI на фејсбук – ТУКА, и на инстаграм страницата – ТУКА.

x

Check Also

TIME AFTER SUNSET, поглед на пролетната колекција на MASSIMO DUTTI

Малгосија Бела е лице во новата кампања на шпанската модна марка Масимо ...