Брет Пит има нова девојка, не е убава како Џоли и Анистон, ама има исцелителски моќи

Откако се разведе од првата сопруга, глумицата Џенифер Анистон во 2005 година, а потоа и од втората сопруга, глумицата Анџелина Џоли, во 2016 година, Брет Пит изгледа конечно најде нова девојка. Новата девојка на Пит е спиритуален гуру, Американска е, а се вика Сат Хари Калса.

Холивудскиот глумец и јогинката се сретнале минатата година на еден хуманитарен настан, и веќе цела година се гледаат.

Сат не е Индијка, туку престојувала подолг период во Индија кадешто заминала на студии. Родена е во Америка, а во Индија престојувала на колеџ. Била заинтересирана за производство на накит, но и за холистичките третмани за лекување кои се карактеристични за Индија. Токму тоа ја натерало да основа компанија наречена Амрит, а така се вика и нејзината ќерка. Сат Хари Калса живее под силно влијание на сикизмот и неколку пати го посетувала Златниот храм на Амритсар.

И, сега следува најсочниот дел од приказната. Сат Хари Калса заминала на турнеја со рок групата Red Hot Chili Peppers, како личен „исцелител“. Минатата година, дизајнерката на накит присуствувала на гала хуманитарниот настан кој се одржал на Музичкиот конзерваториум, а на покана на членовите на групата Red Hot Chili Peppers. На овој настан присуствувале и холивудски ѕвезди, меѓу кои и Бред Пит. И така се сретнале Пит и Сат. Според Us Weekly: „актерот влезе во врска со Калса затоа што за неа холивудскиот гламур е тотоално стран. Но, таа е исто така многу силна жена и има прекрасен ум “.

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...