Истражување: Бринетите се број 1 со конфекциски број над 40

Мажите најмногу ги привлекуваат бринетите со природни облини.

zena 1

Митот дека мажите лудуваат по русокосите падна во вода со новата анкета.

Вкусовите се разликуваат, но во анкетата која вклучи 2.000 мажи од повеќе земји резултатот е дека идеалната жена е бринета со природни облини.

Анкетираните мажи добиле задача да се изјаснат каква коса и тело треба да има идеалната жена, а дури 60 отсто од нив се изјасниле дека бринетите им се многу попривлечни од русокосите.

Според анкетата, на прво место се бринетите, по нив жените со црна коса, а дури на трето место се русокосите за кои се изјасниле 29 отсто мажи. Само 8 отсто мажи мислат дека црвенокосите се најпривлечни.

Анкетата потврдува и дека облините се сеуште во мода и дека мажите не сакаат премногу слаби жени. 38, 8 отсто рекле дека најпривлечни се жените кои носат конфекциски броеви меѓу 40 и 44, на второ место се оние кои носат конфекциски 44 и 46, а само 10 отсто мажи сметаат дека совршената женска фигура се вклопува во броевите 34, 36 и 38.

Е па девојки, слободно заборавете на диетите.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...