Иако после нејзините кокаински скандали во 2005 година бевме речиси сигурни дека нејзината кариера заврши, славната манекенка успеа да се подигне од дното, а денес иако има 40 години е најбаран модел во светот.
Британското модно здружение одлучи да и додели специјално признание на Кејт Мос. Мос ќе биде наградена на доделувањето на Британските модни награди, настан кој вечерва ќе се одржи во Лондон.
Во чест на нејзината 25-годишна кариера и влијанието во модната индустрија, славниот фотограф Марио Тестино изјави – „Кејт Мос поттикна многумина да сонуваат. Не само оние кои ја следат модата, туку и оние кои ја создаваат. Во мигот кога таа на себе ќе облече дизајнерска облека, автоматски добива друг идентитет. Кејт и дава посебност на модата, па лично и јас не можам да се заситам од неа.“