Британците до Хари и Меган: „Не се враќајте за крштевка на Лилибет Дајана“

95 проценти од Британците не сакаат Хари и Меган да се вратат во Лондон за да кршевање на нивното девојченце Лилибет.Тоа го покажува анкетата спроведена преку интернет од страна на англиски весник.

Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор, од објавата на нејзиното раѓање што се случи во Калифорнија на 4 јуни, веднаш се најде во центарот на контроверзии, најпрво за името избрано од нејзините родители, а сега за локацијата на нејзиното  крштевање.

Всушност, 11-та правнука на кралицата Елизабета има право на традиционално крштевање, со чипкаст фустан кој датира (дури и да е само копија) од времето на кралицата Викторија. Сепак, 95 проценти од читателите на британскиот весник Експрес се изјаснија против враќањето на Хари и Меган во Лондон, иако само привремено, за да ја крстат својата ќерка.

Анкетата се надоврза на неодамнешните изјави на експертот за кралски семејство Јан Лојд, кој сугерираше дека крштевањето на Лили во Лондон може да им понуди можност на Виндзор и Сасекс да ги остават настрана несогласувањата.

„Тоа би можело да биде дипломатски начин за подобрување на односите меѓу двете страни“, рече Лојд во интервју за Палас – прилог на британскиот таблоид „Дејли меил“ и нагласи дека на овој начин „и кралицата ќе има можност лично да се сретне со својата внука.“

Сепак, анализата на резултатите од анкетата не остави сомнеж за нивото на иритација што ја чувствуваат Британците кон семејството Сасекс: само 4 проценти од читателите беа за нивно враќање во татковината.

 

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...