Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел Макрон во Елисејската палата ги пречекаа канадскиот политичар Франсуа Лего со сопругата.
За оваа пригода, Бржит Макрон одбра мини фустан и чевли со вртоглави потпетици.
Фустанот во трендовска сина нијанса е со А крој, а првата дама на Франција го искомбинира со црни хулакопки и црни кожени салонки со завидни потпетици. За одење на вакви потпетици треба пракса, а 65 годишната Брижит во нив дополнително ги нагласи своите витки нозе.