Бројни недостатоци на изборот за Мис на Македонија за Мис на светот (ФОТО)

Од несреќно избраната тоалета и простор за движење до само едно појавување на девојките во костими за капење преку грешките во „крунисувањето“ до лентите на кои со фломастер беа испишани титулите…

MER_7615

21-годишната Кристина Спасеновска од Кичево е новата Мис на Македонија која ќе ја претставува Македонија на Мис на светот, настан што ќе се одржи во Индонезија.

MER_7650

Прва придружничка е Михаела Иванова (21) од Скопје, а втора придружничка е Сава Грачанин (22) од Валандово.

На сведоците на настанот на кој потфрли организацијата сега им е јасно зошто од дузина преубави девојки кои ги гледаме низ нашите улици ниту една нема желба да се пријави на ваков натпревар.

MER_7664

MER_7695

„ Модното студио Црнокрак не избира убавица за Мис на светот туку за Мис Глоуб, па се подготвуваме цели пет месеци од кои два ги посветуваме на турнејата со која ја поминуваме цела Македонија. Се трудиме тоа максимално професионално да го направиме, онолку колку условите ни дозволуваат. Кандидатките два месеци вежбаат за да се покажат на финалето, обезбедена е гардероба за девојките, само чевлите кои беа исти за сите девојки не чинеа 1.500 евра, а обезбедивме и награди во вредност од 95.000 евра. Изборот на Мис на Македонија за Мис на светот треба да биде најмалку двојно подобар од нашиот, но за жал тоа што го видовме беше под секое ниво“, ни рече Мики Црнокрак.

MER_7553

MER_7519

MER_7495

MER_7401

MER_7380

MER_7369

MER_7295

x

Check Also

Мисицата Елена Анѓеловска утре ќе се бори за круната на Мис Глоуб во Торонто

Утревечер во Торонто ќе се одржи финалето на Мис Глоуб. Македонска претставничка ...