Брокулата го забрзува слабеењето (три рецепти)

Брокулата е единствена намирница која ви овозможува да јадете многу, а и понатаму да слабеете.

Има само 30 калории во 100 грама, а на варењето во организмот брокулата троши повеќе калории отколку што примаме од неа, па така припаѓа во групата на производи со „негативни калории“. Ако се јаде како прилог значително ги намалува калориите на био која друга храна.

Речиси секоја диета со брокула е успешна. Дури и ако само ја замените нормалната вечера со брокула ќе загубите килограми за една до две недели.

Еве неколку рецепти за слабеење со брокула. Заменете некој од оброците со една од овие порции и губете килограми со леснотија.

Супа од брокула за слабеење

Направете ретка пилешка супа од коцка, околу 2 литри. Во супата додадете исечкан цвет од брокула, 2 сечкани пиперки, 1 сечкан морков, 1 исечкан домат, малку кромид. Варете ја супата додека зеленчукот не омекне.

Брокула за појадок

Сварете ја брокулата, потоа зивадете ја од водата и префрлете ја во сад. Издробете ја. Додадете 2 матени јајца и 1 филџан млеко и убаво изматете ги состојките. На малку маслиново масло испржете го омлетот од брокула.

Киш со брокула

Потребни состојки: 4 јајца 1 главица брокула, 300 грама печурки, 150 грама рендан кашкавал (чедар), 2-3 млади кромидчиња,сол, пипер,округло тавче обложено со хартија за печење

Подготовка: Исечкајте ја брокулата на поситни парчиња. Варете ги 5 минути во врела вода . Извадете ги и убаво исцедете ги. Исечкајте ги младите кромитчиња и печурките.Пропржете ги на малку масло, околу 5 минути, и зачинете ги со малку сол и пипер. Оставете да се излади

Во поголем сад изматете ги јајцата и додајте ги останатите состојки.Истурете во округло тавче обложено со хартија и печете во загреана рерна на 175 степени, околу половина час.

x

Check Also

Есенска диета со јаболка, лесна, брза и здрава

Јаболкото е овошје чии корисни и здрави својства често ги потценуваме и ...