дел од колекцијата брошеви достапни во продажба во MISS SPICE ACCESSORIES

Брошевите како совршен новогодишен подарок: Најубавите ги најдовме во MISS SPICE ACCESSORIES

Тој прекрасен „мал украс“ кој најчесто го носиме на реверот од палтото или џемперот – брошот, може да биде највпечатлив новогодишен подарок за вашите најблиски, но и за вас самите.

Предноста на брошот не е само во тоа што ја освежува секоја модна комбинација, туку овој накит може да се носи секогаш на различен начин. Тоа пак, го прави брошот идеален подарок кој ги задоволува сите вкусови, подарок на кој никој не може да му одолее.

Со брошот секогаш може да имаме нов „зачинет“ изглед. Следејќи ги трендовите, денес брошот се почесто се носи и во косата. Па, еве една трендовска идеја како би можеле да го заокружите вашиот моден изглед за новогодишните забави:Украсете ја вашата омилена трака или марама за коса со светликав брош. Секако, не заборавјте дека и турбаните, кои се актуелен моден додаток на оваа сезона, изгледаат преубаво кога се декорирани со брош.

Дел од колекцијата брошеви достапни во продажба во MISS SPICE ACCESSORIES

Брошевите може да ги носите и како украс во самата коса, со функција на шнола. Украсете го ниското „опавче“ од косата или плетенката со елегантен брош за да добиете ретро-глам изглед.

За „глам-ефект“ од брошот може да направите и ѓердан. Потребна ви е само  марама на која ќе и ги поврзете краевите и ќе закачете на нив брош. Ќе имате единствен моден додаток, особено ако го носите со класичен „мал црн фустан“.

Брошот може да го закачите и на самата марама. Поентата е само да бидат складни нијансите на брошот со облеката која сте ја одбрале за празничната атмосфера. Едноставните брошеви изгледаат преубаво во комбинација со цветни или карирани принтови, додека брошевите со повпечатлива форма најдобро се „носат“ со поедноставни модни комбинации.

За љубителките на капи, без разлика дали планирате да носите поелегантна капа, баретка или трендовски качкет, брошот е одлична завршница.

Трендсетерките би можеле да го носат брошот како додаток на платнената чантичка, додека оние кои повеќе ја сакаат класиката можат да го носат овој впечатлив украс за да го „корегираат“ длабокото деколте.

Ако се одлучите за кардиган, не заборавајте на брошот! Одлично изгледа кога краевите на кардиганот се поврзани со брош и тоа поставен на средината, наместо впечатливо копче.

Најпосле, брошот може да биде волшебен подарок и за вашите мајки и баби кои се носталгични по ова украсче кое ги потсетува на времето кога го носеле закачен на нивните свилени кошули, како симбол на стилот. Покажете го вашиот стил и подарете им – брош!

А најубавите брошеви ќе ги најдете во најблиската до вас продавница на MISS SPICE ACCESSORIES (лоцирани: во Скопје во Веро Jumbo, ГТЦ приземје, Веро 2 Тафталиџе, Ramstore Mall, во Тетово во Веро и Palma Mall, а во Битола во Веро 4),и тоа по многу прифатлива цена.

x

Check Also

САРА ФЕШН со нова колекција пижами за мажи и жени

Оваа седмица македонскиот бренд Сара Фешн ја лансираше својата нова кампања за ...