Брза и совршена чоколадна торта (со само неколку намирници)

Подгответе ја лесно и уживајте во вкусот. За тортата се потребни само неколку намирници- јајца, сечкани бадеми, темно чоколадо, шеќер и путер. За посебен шарм може да се додаде рендана кора од портокал, а за подобро да се „поткрене“  – лажица рум или коњак. Крцкава е однадвор, а мека и сочна одвнатре.

Потребни намирници – калап за торта (околу 22 – с4 см), 4 јајца, 150 гр шеќер во прав, 150 гр темно чоколадо, 200 гр мелени или сечкани бадеми, 130 гр путер. Дополнително, по желба – 1 лажица рум или коњак, рендана кора од 1 портокал.

Подготовка

На пареа стопете го чоколадото и путерот. Оставете да се излади. Одвојте ги жолчките од белките од јајцата, од белките и половина од шеќерот во прав направете цврст снег. Жолчките изматете ги со останатиот дел од шеќерот во прав, додадете го стопеното чоколадо со путерот, па матете уште неколку минути.

На смесата додадете ги мелените/сечканите бадеми и полека мешајте. Додадете го румот, коричката од портокал, па малку по малку снегот од белките, внимателно мешајќи.

Целата смеса претурете ја во премачкан калап (дното обложете го со хартија за печење). Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, 30 минути. Пробајте со чепкалка. Тортата Капрезе мора да остане кремаста во средината.

Извадете ја од рерна и оставете да се излади. На крајот, наросете врз неа шеќер во прав (или какао) и послужите.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...