Брза нутела сладолед-торта од само две состојки

За овој десерт потребни ви се само две состојки и не треба да сте вешти во кујната. Состојките се – 600 мл слатка павлака и 400 грама нутела или сличен крем.

Подготовка

Во прикладен сад ставете ја слатката павлака, па потоа додадете ја нутелата. Мешајте со миксер две до три минути додека состојките убаво се соединат. Смесата претурете ја во калап за торта кој претходно сте го премачкале со масло или путер. Ставете ја тортата во фрижидер да отстои шест до осум часа, а потоа во замрзнувач да отстои еден час.

Како тоа изгледа можете да погледнете во видеото.

x

Check Also

Совршена чоколадна торта со само неколку намирници

Подгответе ја лесно и уживајте во вкусот. За тортата се потребни само ...