Брза пита од тиквички и сланина

Ќе ве освои со вкусот, но и со едноставноста на подготвувањето. Ако сте за лесен, брз ручек, дегустирајте ја питата со тиквички и сланина.

Од намирници потребни се – 1 поголема тиквичка, 2 лажици кисела павлака, 1 чаша брашно, 2 јајца, 150 грама кашкавал, 150 грама сланина, малку магдонос, путер, сол и црн пипер.

 Подготовка

Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја некое време да ја испушти водата, потоа исцедете ја. Префрлете ја во сад и помешајте ја со павлаката, брашното, јајцата и исечканиот магдонос. На крајот додадете ја и сланината која претходно сте ја пропржиле. Убаво измешајте ги сите состојки, па префрлете ги во сад за печење кој сте го подмачкале со путер. Нарендајте од кашкавалот и печете на 200 степени додека питата добие златна боја.

x

Check Also

Модар патлиџан на грчки начин

Освен карактеристичната грчка салата, во традицијата на Грците е пред јадење или ...