Брзи третмани за совршено негувани стапала

Испуканите пети и темните стапала  се честа појава за време на летните месеци, а чевлите кои ги носиме често ги предизвикуваат овие проблеми.

stapala 654

Покрај  козметичките производи наменети за  хидратација на стапалата, постојат и ефикасни третмани кои ги имате во вашата кујна или бањата.

 

РАСТИТЕЛНО ИЛИ МАСЛИНОВО МАСЛО

Ова е  многу ефикасна метода, а се што ви е потребно е малку маслиново, растително или кокосово масло. Со вашите прсти нанесете од маслото на стапалата и добро измасирајте ги, лесно триејќи ги проблематичните места.

Правете го пред спиење и откако ќе го втриете маслото навлечете чисти памучни чорапи и оставете ги така во текот на ноќта. Наутро кога ќе се разбудите вашите стапала ќе бидат меки и хидрирани, а испуканата кожа ќе изчезне. Оваа метода можете да ја користите неколку пати неделно, доколку стапалата ви се многу суви, а петите испукани.

ВАЗЕЛИН

Вазелинот е уште едно одлично средство против испукани стапала. Само  нанесете го на целите стапала и облечете чисти памучни чорапи за спиење. Доколку тоа го правите во текот на денот оставете ги чорапите се додека стапалата не ви станат мазни и меки.

stapala 123

СОЛЕНА КУПКА

Топлата солена купка е одличен рецепт за испукани пети.

Во топла вода додадете сол, добро измешајте и оставете ги стапалата  да стојат во водата околу 15 минути. Потоа добро исушете ги стапалата и нанесете дебел слој крема или вазелин, па облечете памучни чорапи. После неколку часа стапалата ќе ја впијат кремата, а резултатот ќе биде- убави негувани стапала.

 

 

x

Check Also

Што треба да смените за да го забавите стареењето на лицето

Создавањето на брчки многу зависи од типот на кожата, но и од ...