Брзо топење на килограми: Диетниот режим на Брук Шилдс

Американската актерка и модел Брук Шилдс често варира со телесната тежина, но и на 49 годишна возраст изгледа совршено. Нејзината формула за фит форма е во млечната диета.

silds 56

Млечната диета е совршена за оние кои, како глумицата, знаат набрзина да додадат по 5 килограми повеќе на своето тело и потоа веднаш реагираат со строг диетен режим. Со млечната диета брзо се топат килограмите, а оваа диета се држи од 10 до 14 дена. Во просек, се губат до 2 килограми за три до четири дена.

Брук Шилдс не крие дека е гурманка, дека ужива во различните специјалитети дури и во калоричните. Вагата за мерење на телесна тежина за неа е „нешто задолжително“, како што објаснува, додавајќи дека реагира во вистинско време – кога таа ќе покаже до 5 килограми повеќе. И тогаш го започнува строгиот диетен режим, поточно ја применува млечната диета.

silds 23

Станува збор за брза но здрава диета која го намалува нивото на холестерол во крвта, ги зајакнува коските, нервниот систем, ослободува од акни и ја унапредува микрофлората. Со применана оваа диета не само што ќе ослабите, туку и ќе си го подобрите здравјето.

Што дозволува а што не млачената диета?

Пред секој оброк, неопходно е да се испие чаша негазирана минерална вода. Оброците се ограничени, но можат да се комбинираат по желба во текот на денот. Еден ден вклучува 2 оброка од дозволените четири, за појадок и ручек, додека вечерата се прескокнува.

Изборот направете го две со две комбинации од предложените.

Оброк број 1.
1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко без шеќер.

Оброк број 2.
1 варено јајце, салата од краставица со прелив од јогурт, 1 филџан кисело млеко

Оброк број 3.
100 грама овесна каша во вода или во млеко, 200 грама кашкавал или сирење и 1 филџан млеко.

Оброк број 4.
1 крушка, 2 децилитри јогурт

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...