Будва – летна дестинација за секој џеб

Двете главни причини зошто е Будва толку популарна дестинација се преубавите плажи и разноличната понуда за сместување.

Будва е една од најпосетуваните дестинации за одмор во Црна Гора. Тоа што најмногу ги привлекува туристите тука е чистото море, богатата историја и „лудиот“ ноќен живот.

Стариот дел на градот денес е заштитен знак на Будва. Се наоѓа на мал полуостров кој некогаш бил остров, но подоцна е поврзан со копното. Ѕидините на стариот град отсекогаш биле атракција за туристите. Поради карактеристичниот распоред на улиците, плоштадите и зградите, при прошетка на градот добивате впечаток како да се движите низ средновековен лавиринт. Во стариот град е смесетна и Цитадела-та која денес служи како летен театар за време на одржување на фестивалите.

Денес Будва е позната како дестинација за секој џеб. Располага и со луксузни хотели, но и со евтино сместување. Со над 2.300 сончеви часови во годината, Будва важи како еден од најсончевите и најтоплите градови на Јадранското крајбрежје.

Поради својата специфична поставеност, Будва е популарна и како дестинација од каде може да се посетат лесно и брзо и други градови.

Бидејќи Будва е туристички град со традиција, сместување не е никаков проблем да се најде, а ние ви препорачуваме пет предлози за престој и уживање на годишниот одмор, прочитајте- ТУКА.

 

x

Check Also

СПЕКТАКУЛАРНА ПРОСЛАВА ЗА 10 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП

Ова лето, Аква Парк Пробиштип ќе го одбележи својот јубилеј – 10 ...