Бунт против модните стереотипи

Осмото издание на „Моден викенд Скопје“, бунтувајќи се против модните стереотипи и нагласувајќи ја потребата да се биде свој и слободен, ќе се одржи од 22 до 30 октомври на различни локации во Скопје.

adaptacii-02Со паролата „Време е за камбек!“ на осмото издание на „Моден викенд Скопје“ вкупно 15 модни дизајнери ќе ги прикажат своите најнови колекции. „Моден викенд Скопје“ ќе го отвори модното шоу на дизајнерот Никола Ефтимов, поддржан од ЕLISE во катната гаража „Св. Кирил и Методиј“. Традиционално, како успешен спој на модата и бизнисот, предавање и професионални консултации ќе одржи светски признатиот Мартин Робертс од Лондон, ко-основач и директор на „Fashion scout London“ и „Graduate fashion week“. Проектот е организиран во соработка со Британски совет во Македонија и претставува континуитет на нивните досегашни залагања за поддршка на креативните индустрии во Македонија.

adaptacii-03

Новина во оваа сезона се три дизајнерски имиња кои за прв пат ќе ги прикажат своите колекции, Chic Undercowear by Бобан Илиевски, Марјана Рујаноска поддржана од „Витаминка“ и ЕVЕЕ by Ивана Цветковска, поддржана од „Луна Комерц“ & „Фруктана ЛТД“.

На ревиите, кои ќе се одржуваат од 22-25 октомври во катната гаража „Св. Кирил и Методиј“, своите нови парчиња ќе ги презентираат и Олгица Ѓоргиева, Ирина Тошева поддржана од „Авицена лабораторија“, „Fashion group“, Тања Кокев, Антонија Ристовска поддржана од АВОН, Никола Петровски, Стефанија Насеска и модниот бренд „STILLISIMO“.

Во амбиентот на Даутпашиниот амам во Старата скопска чаршија, љубителите на модата ќе можат да го видат најновото од „MCouture“ by Мила Кадриу.

Последните два дена на есенското издание на „Моден викенд Скопје“, на 29 и 30 октомври, се резервирани за два модни перформанси во Музејот на град Скопје, како „Vibrazioni “ by Александра Митковска и на дизајнерката Росица Мршиќ, со кој ќе биде затворена осмата сезона на „Моден викенд Скопје“.

Покровители на настанот се Град Скопје, ЈП Градски паркинг- Скопје и Британски совет во Македонија.

Т.Д.

x

Check Also

Бидете во Центар на вниманието – Недела на жената во Рамстор Мол

Од 04 до 08 март бидете во ЦЕНТАР на вниманието. Започнуваат деновите ...