Живата Барбика продолжува да фасцинира: цела сум природна! (ФОТО)

Валерија Лукјанова објави нови фотографии на својот ФБ профил и тврди дека само примитивните луѓе можат да имитираат некого. Таа, никако!

barbi 6

Украинката Валерија Лукјанова повторно е во центарот на вниманието со своите изјави дека „никогаш не сакала да личи на жива кукла“.

barbi 5

„Премногу се сакам себеси за да имитирам било кој друг, особено не парче пластика. Да имитираат можат само глупави или примитивни луѓе. Премногу се обожавам себеси.  И никогаш не сум имитирала никого. Тоа ми е под честа. Ниедна пластична операција немам направено, освен за зголемување на градите“, вели Валерија.

barbi 3 Понатаму Валерија вели дека нема ништо против пластичните интервенции, но дека во нејзиниот случај станува збор за природна убавина бидејќи сите од нејзиното семејство се многу убави. Станува збор за гени, објаснува таа.

barbi 2

„Се’ останато се должи на спорт, масажи, здрав живот и професионален мејк-ап“, вели Валерија и додава дека споредбата со Барби за неа е навредлива.

babi 4

Можете ли да и верувате?

x

Check Also

MISS GLOBE 2020: скопјанката Анѓела Јакимовска со пласман во топ 15

Неодамна во Тирана, Албанија, се одржа изборот за Мис ГЛОУБ 2020 со ...