Во колекцијата есен/зима 2013 Celio* истражува три различни универзуми (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Првиот урбан универзум се карактеризира со англиска елеганција кадешто секое парче има суптилна уникатност, одлична за секојдневно облекување.

Материјалите кои доминираат во овој дел од колекцијата се волната и кадифето во бургундско црвена, окер и кафена боја. Особено внимание се посветува на кроевите кои оваа сезона се уште повеќе припиени до телото, како и деталите (внатрешноста на јаките и манжетните, порабите на јакните и панталоните).

Вториот универзум се фокусира на дизајни кои се верни на правецот кој го следи брендот, како на пример јакните со пердуви кои доаѓаат во неколку варијанти со или без ракави. Влијанието на војничкиот тренд е повторно  присутно, со нијанси на кафена и сива боја во комбинација со зелени и сини детали.

Третиот универзум го носи линијата Celio*Club кадешто доминантни се костумите во кои традиционалниот крој се спојува со современи елементи. Палтата се дополнети со украсни марамчиња во тон со порабите во боја. Плетените парчиња се комбинираат со фланел и твид за топол и модерен контраст.

Celio*е француски бренд за мажи кој нуди модерна и трендовска облека и модни додатоци по достапни цени. Наменет е за урбаниот, динамичен маж кому му треба соодветна гардероба за секој аспект од живеењето. Брендот е присутен на пазарот од 1985 година со отворањето на првата продавница во Париз, а веќе од октомври 2012 функционира и првата продавница на Celio* во Македонија, која е лоцирана во Скопје Сити мол.

x

Check Also

Топ моделот Стела Максвел го рекламира новиот парфем на Moschino – Toy 2 Bubble Gum

Ангелот на Викторија сикрет, топ моделката Стела Максвел, е заштитно лице на ...