Целовечерна одлична забава во Скопје Мериот хотел за Стара Нова Година

Дочекот на Старата Нова Година ќе звучи одлично и ќе изгледа незаборавно во Скопје Мериот хотел. За уште една незаборавна забава, на 13ти јануари 2017 година ќе се погрижи LIBERO бенд. Музичката програма продолжува и по одбројувањето за испраќање на Православната Нова Година, до 2 часот по полноќ со DJ Фичо.

meriot-2

Целовечерната музичка понуда ветува вжештување на подиумот и одлична забава во празничниот амбиент во салата за свечености на Скопје Мериот хотел.

Забавата започнува во 22.00 часот и мени картата е 2.000 денари. Во понудата е вклучено коктел маса, отворен бар со неограничен избор на пијалаци и бифе храна и мезе.

Повеќе информации и резервации достапни се на телефонскиот број 02 510 2510.

 

 

 

x

Check Also

„Медена земја“ – номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска ...