Цептеровите Therapy air системи –решение за прочистување на воздухот

90 отсто од своето време го поминуваме во затворена просторија. Поради тоа, доколку го намалиме загадувањето на воздухот во затворена просторија би спасиле милиони човечки животи.

 

Според истражувањата на Светската здравствена организација во текот на 2012 година 7 милиони луѓе умреле од последица на загаден воздух,  а од тоа околу 3,3 милиони луѓе од загаден воздув во затворена просторија. Секој осми смртен случај на планетата е последица на загадениот воздух.

Истражувањата покажале дека загадениот воздух во затворените простории кој содржи повеќе од 900 хемикалии е поврзан со следниве причинители за смрт:

34% мозочни удари,

26% срцеви заболувања,

22% хронични обструктивни болести на белите дробови

12% акутни инфекции на долните дишни патишта кај децата

6% рак на белите дробови

ЦептерTherapy air системи за прочистување на воздухот ефикасно се борат против загадување на воздухот во затворена просторија, давајќи можност за слободно и безбедно дишење, пред се за децата, трудниците, старите и болните лица. Можат да се употребуваат во домот, во канцеларијата, во училиштата и градинките, како и во фитнес центрите.

zepter 12345

Овие системи го намалуваат загадувањето од прашина, го освежуваат воздухот, го отсрануваат димот од цигари, поленот, пестицидите, аеросол спрејовите, домашните камини, шпорети на дрва, животинските влакна и мувла, а исто така ги уништуваат вирусите и бактериите.

Therapy Air Ion

Денес на пазарот постојат многу производи за прочистување на воздухот. Therapy Air Ion поседува единствена предност благодарејќи на специјално развиениот 5-степен систем на филтри кои делуваат како непробивна бариера.

Therapy Air Ion содржи антистатички филтер (кој ги отстранува поголемите честички од прашина, мувла, влакна, перут, животински влакна итн), антибактериски филтер (ги отсранува останатите честички од прашина, бактерии поголеми од 1 микрон, полен итн), хепафилтер (ги елиминира најситните честички на прашина и димот од цигари, но го намалува и ризикот од инфекции), антиалергиски филтер (ги уништува бактериите) и филтер од активен јаглен ( кој има освежително дејство и ги елиминира отровните гасови и непријатните мириси).

Најважна карактеристика на апаратот е што создава негативни јони. Науката докажала дека позитивните јони неповолно влијаат на нашето здравје, додека негативните се многу корисни. Позитивните јони може да предизвикаат чувство на замор, а во подолг временски период и разни заболувања. Од друга страна пак, го зголемуваат нивото на физичка енергија, ја подобруваат циркулацијата на крвта, метаболизмот и одбранбениот механизам на организмот. Дополнително, спречуваат појава на многу болести и ги намалуваат тешкотиите предизвикани од алергија, астма, како и болести на дишните патишта.

 

За повеќе информации обратете се во  просториите на Цептер Македонија, на тел. (02) 3118-663 или на електорнската адреса info@zepter.com.mk

x

Check Also

Што знаете за третманот за подмладување карбокситерапија?

Карбокситерапијата е третман кој се користи за да се спротивставиме на знаците ...