Четири имиња кои ја променија историјата на чевлите – 3 дел

Џими Чу
dzimi cu london

Во 1990 година занаетчијата Џими Чу ја отвори првата продавница во Лондон и набрзо неговите креации ги освоија црвените ќилими, благодарение на славните личности, но и на сензуалноста и гламурот на самите чевли. Една од првите негови клиенти беше принцезата Дијана.

Лејди Ди во чевли од Џими Чу

Лејди Ди во чевли од Џими Чу

Сандра Чу, внуката на основачот на компанијата, е креативен директор на оваа марка од 1996 година.
Колекција Сизн

Колекција Сизн

Сандалите Фреј, од колекцијата Сизн, веднаш ги освоија срцата на шопингхоличарите и трендсетерките поради можноста да се носат во три сезони, во секаква пригода, и наутро како и навечер.

Ланс на нозете на Оливија Вајлд

Ланс на нозете на Оливија Вајлд

Чевлите наречени Ланс, карактеристични по вртоглаво високата потпетица станаа вистински хит меѓу холивудските ѕвезди и славните модели. Прва ги облече младата американска актерка Оливија Вајлд, а по неа Викторија Бекам.

Викторија Бекам со чевли Ланс

Викторија Бекам со чевли Ланс

Сепак, вистинската чевла-икона од оваа марка беше произведена во 2012 година, под името Анук.

Џенифер Анистон носи Анук

Џенифер Анистон носи Ланс

Анук се карактеристични по заострениот врв и шилестата потпетица висока 12 сантиметри.

Ким Кардашијан -колекционерка на Анук

Ким Кардашијан -колекционерка на Анук

Хали Бери со Анук

Хали Бери со Анук

Кристин Стјуард ги обожава чевлите Анук кои ги има во неколку бои

Кристин Стјуард ги обожава чевлите Анук кои ги има во неколку бои

Во 1998 година Џими Чу се проширува со продавници во САД, отворајќи две во Њујорк и Беверли Хилс. Следуваат продавниците во Париз, потоа Рим (Виа Кондоти), повторно Њујорк (Медисон авени), Беверли Хилс (Родео Драјв) и Токио.

dzimi cu glavna

 Денес компанијата брои над 150 продавници во 32 земји низ светот.

М.Б.

 

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...