Чага – „Дар од Бога“ природен ресурс за кожата

Чага е неверојатно моќна лековита габа. Таа содржи највисоки нивоа на антиоксиданси (35000 единици супероксид дисмутаза, најважен ензим за уништување на слободните радикали, како и бета-глукани), богата е со витамините А, Ц, Б, Д, К и Е, со минерали (манган, магнезиум, калциум, железо, цинк, селен), а содржи и меланин, бета-каротен, мелатонин, бетулинска киселина, итн. Затоа можеби народно се вика и Дар од Бога. Сите овие состојки во едно ја прават корисна за многу состојби.

природна Чага

Чага е паразит на бреза и затоа најчесто се наоѓа во Сибир. Според пронајдените записи, локалното население ја користело уште од 16 век, а ја толчеле и нанесувале на кожата (за исипи, повреди), ја палеле за да ја вдишуваат, или така запалена ја ставале во вода, со која потоа жените се одмивале или во која ги бањале новородените. Во Русија, Чага е призната како лек уште од 1955 год. за третман на чир на стомак и дуоденум, хроничен гастрит и стомачна и цревна полипоза, тоник и симптоматичен лек за иноперабилни канцерозни болести. Подоцна, испитувањата се прошируваат за други состојби. Во 1973 год., прават студија за псоријаза, со успешност од 76%. Потоа следуваат и студии за рак (дојка, генитални органи, црн дроб, простата, меланом).

Кожата е нашиот најголем орган. Скоро сите денешни кожни болести или нарушувања настануваат поради слаба детоксикација на организмот. Дополнително, како старееме, така се намалува сопствениот ензим за исфрлање на слободните радикали. Неговото намалување предизвикува зголемување на слободните радикали, а со тоа и нарушувањата. Затоа, Чага со своите ензими, меланин и др. состојки е многу ефикасна.

Дерматолозите и козметичарите од Русија, Азија, Скандинавија и Европа ја користат за:

  • хранење на кожата, косата и очите
  • помлад изглед од возраста
  • заштита од УВ зрачење
  • успорување на стареење преку зголемување на колагенот и еластинот во кожата
  • акни и црвенило, сензитивна кожа, нееднаква боја на кожата
  • бори, флеки, хипер-пигментација
  • лузни, оштетеност на кожата од сонце
  • егзема, дерматит, розацеа, псоријаза и други кожни нарушувања
  • регенерација на кожните клетки
  • темни и кружни и подуени подочници
  • развој на ново ткиво
  • подобрување на капиларната циркулација
  • отстранување на оштетениот колаген и еластин од кожата и лузните
  • регенерација на оштетено ткиво
  • подобрување на циркулацијата, генерално.

 

Покрај кожните проблеми и нарушувања, редовното конзумирање на Чага го подобрува општото здравје поради своите имуно-модулаторни својства, а со тоа го балансира работењето на органите и жлездите.

Чага-МРЛ е 100% органска биомаса која содржи плод и мицелиум, поради што е многу ефикасна.

Достапна е во онлајн продажба преку е-продавницата(www.myconutri.mk), во аптеките на „Еурофарм“, „Виола“ и други аптеки низ цела Македонија.

x

Check Also

Мери Петреска: Ослабнав 36 килограми за 1 година и 10 месеци, еве како

На 39-годишна возраст, со висина од 162 сантиметри, Мери Петреска имала 104 ...