Чај за слабеење од четири природни состојки

Одлична комбинација на состојки кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат во процесот на слабеење. Па, доколку сакате да започнете диета со нискокалорична исхрана, овој чај ќе ви помогне побрзо да стигнете до посакуваната цел.

За да го подготвите природниот чај за слабеење потребни ви се зелен чај, симет, ловоров лист и лимон.

Подготовка – Сварете 800 мл вода, тргнете ја од огинот и додадете 1 стапче цимет, 3 ловорови листови, 1 лажица зелен чај, а на крајот исцедете сок од 1 лимон. Додека е сеуште жешка водата засладете го чајот со аспартам или „натрен“ (засладувачи кои не содржат шеќер).

Поклопете го чајот и оставете го половина час да отстои. Дури потоа процедете го.

Кога и колку да пиете од чајот?

Целата количина на подготвениот чај треба да ја испиете во текот на денот, поделувајќи ја на 4 шољи.

Најдобро време за забрзување на метаболизмот е утрото. Испијте 1 шоља чај веднаш штом се разбудите, на празен желудник.

Втората шоља чај испијте ја веднаш после појадокот.

Третата шоља чај испијте ја попладне, наместо вообичаеното кафе во 17 часот, а четвртата – непосредно пред спиење.

Сите четири состојки на овој чај за слабеење помагаат во забрзаното согорување на мастите и го забрзуваат метаболизмот. Се разбира, чајот треба да се употребува со умерена исхрана, а уште подобро и со умерена физичка активност.

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...