Чарлс и Камила ги слават „првите“ 15 години брак

Принцот од Велс уште се опоравува од коронавирусот, а војвотката од Корнвол во самоизолација во одделно крило на палатата ја слави годишнината од свадбата.

Беше 9 април 2005 година, кога Чарлс и Камила конечно се венчаа по долгата и проблематична љубовна приказна која ја имаа уште од младоста. Но, важната годишнина падна во време на коронавирусот и за вистинска прослава ќе мора да почекаме подобри времиња.

Двајцата одлучија да се изолираат. Чарлс беше во изолација во една оддалечена резиденција каде што го поминаа впрочем медениот месец со камила. И, откако две недели беа разделени, сега конечно можеа да уживаат во интимна вечера.

Чарлс (71) се опоравува од симптомите на коронавирус кои го погодија во последните неколку недели, додека Камила (72) се изолираше од страв од инфекција. Сега пак, кога веќе не се присилени да се држат настрана еден од друг, тие продолжуваат да работат виртуелно во две соседни канцеларии со помош на мини тим од асистенти и соработници. Принцот дури и од далечина инаугурираше нова болница во Лондон, додека војвотката е секогаш многу зафатена со добротворни цели што ги поддржува, особено оние посветени на жртвите на семејно насилство.

x

Check Also

Започнува продажбата на спектакуларниот HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

 Од вчера, најиновативниот производ до сега, се продава ексклузивно во продажните салони на ...