Челзи Крист, убавицата со мускулесто тело е новата Мис на Америка

Во многу емотивна амтмосфера на бината, поранешната победничка Сара Роуз Самерс ја круниса годинешната победничка Челзи Крист за победничка на престижниот натрпевар за убавина – Мис на Америка.

Позната како Мис на Северна Каролина, Крист ја доби круната пред конкурентките кои станаа прва и втора придружничка – Александра Гонзалез, Мис Ново Мексико и Триана Браун, Мис на Оклахома.

Настанот се одржа во Гранд Сиера ресортот во Невада.

Не само со прашањата на кои одговори со што го освои вниманието на жирито, идната адвокатка се истакна во костим за капење како девојка која посветува голема грижа на своето тело. Имено, за разлика од поранешните мисици, Крис на сцената покажа мускулесто тело на кое совршено стојат и бикините, но и елегантните фустани.

x

Check Also

Сестричките Кардашијан и Џенер се расоблекоа за новиот бренд на Ким (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога популарните девојки од семејствата Кардашијан и Џенер ќе се обединат со ...