Четири начини да носите здолниште со полн круг

Женски здолништа со полн круг не излегува од мода, а ќе се согласите дека не постои подобро време од пролетта да го доживее нејзиното величествено крешендо.

 suknja 234

Пролетта која се пробива низ (сеуште) тмурните облаци, овие денови ги привлече познатите блогерки од Америка да се прошетаат со парче облека кое, покрај палтото, спаѓа меѓу најпопуларната облека за време на промена : здолниште со полн круг.

Можеби најженствениот дел од облеката во последно време го гледаме во стилските комбинации кои не убедија дека е можно да го копирате изгледот на Грејс Кели и да бидете модерна принцеза на 21-от век.

Космо презентира четири предлози  како да се носи овој модел на здолниште, а во тоа помагаат четирите блогерки : Ејми, Блер, Фолејк и Рејчел.

 suknja 123

Блер која го уредува можеби најпознатиот моден блог во Америка (Атлантик-Пацифик), е долгогодишен фан на ваквите здолништа, кои обично ги комбинира со кратки горни делови и впечатливи ѓердани.

Нејзината колешка Ејми од блогот „Песна на стилот“ создала модерен аутфит со комбинирање на црно – бело здолниште со едноставна бела кошула без ракави и секси сандали.

Симпатична Рејчел која стои зад блогот „Розов божур“ игра на картата на ултра- женственоста, па така нејзиното црвено здолниште го украсила со чипкана блуза во боја на песок. Целиот изглед го заокружила со салонки во истата боја. Овие салонки (со иста боја) се одличен избор за ниски девојки, бидејќи создаваат илузија за подолги нозе.

Четвртата блогерка, Фолејк  здолништето со полн круг од малку покрут материјали во неонски бои го неутрализирала со тексас кошула, сандали и нокти во иста неонска боја.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...