Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат работата на црниот дроб, ги намалуваат мастите, ја подобруваат пробавата и помагаат во топењето на вишокот килограми.

kopriva 2222

Затоа, пробајте да организирате дневно мени во кое ќе доминира копривата. Држете се до ова мени четири-пет дена, и ќе почуствувате значително подобрување на имунитетот и расположението, силата ќе ви се врати, кожата на лицето ќе добие сјај, а покрај се тоа, ќе бидете и повитки за два-три килограми.

Доколку не сте запознаени со рецептите од коприва, на Интернет ќе најдете дузина специјалитети од оваа билка, одберете по желба и збогатето го дневното мени.

Ова се наши предлози за лесна и здрава храна од коприва.

Запечена коприва

Потребно е – 600 грама листови од млада коприва,  1 чаша житарици, 2 јајца, 50 грама кашкавал, 50 грама путер, сол и црн пипер.

kopriva 11

ПОДГОТОВКА

Измијте ја  копривата, потопете ја во посолена вода и оставете неколку минути да отстои. Потоа исцедете ја, исечкајте ја и ставете ја на 20 грама загреан путер. Динстајте со мешање, додека водата која ја испуштила копривата не зоврие.

Изматете ги жолчките во пена со преостанатиот растопен путер, па во таа смеса додадете ја исцедената коприва, житариците и кашкавалот. Зачинете по желба, а на крај додадете го и изматениот снег од белки. Промешајте се заедно уште еднаш, истурет ја смесата во подмачканата тава и печете 20 минути.

Турлитава од коприва

Потребно е – 400 грама свежа коприва, половина килограм бело пилешко месо, 200 грама корен од целер, 2 моркови, 1 главица кромид, 1 црн патлиџан, 2 црвени пиперки, малку сол и малку маслиново масло.

kopriva 8887

Подготовка

Исечкајте го ситно зеленчукот, па на масло ставете прво исечкан кромид, потоа морковите и целерот, па црниот патлиџан и на крајот копривата. Белото месо сварете го во посебен лонец, посолете ја водата, потоа исечкајте го на парченца. Додадете го месото во зеленчукот. Послужете со кришка интегрален леб или парче палента.

Чорба од коприва

Потребно е – 2 моркови, 200 грама корен од целер, 200 грама коприва, шака листови целер, шака млад грашок, косела павлака, малку маслиново масло и сол.

kopriva 665

Подготовка

Изрендајте ги целерот и морковите, а копривата и листовите целер ситно исечкајте ги. На малку маслиново масло запржете ги заедно со исечканиот зеленчук, потоа додадете го и грашокто. Посолите по вкус и налијте 1,2 л вода. Варете на умерен оган додека чорбата не зоврие. Со миксер или блендер направете компактна смеса од чорбата или со пасирање. Послужете со кисела павлака.

Салата од коприва

Измијте ја копривата, ставете ја во врела вода и обарете ја. Потоа изладете ја, а во меѓувреме исечкајте домати, краставица, главица кромид и пиперка. Зеленчукот и копривата ставете ги во чинија, посолете, наросете малку црн пипер, маслиново масло и оцет. Послужете со кришка црн леб.

 

 

x

Check Also

Карфиол во сос од кашкавал, превкусно!

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја ...