Во сабота, на 18ти август, Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт ‘Вино и Џез’ во Охрид во Хотел Филип.
Ова е 4-та година по ред како се одржува овој музички настан на кој публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.
Вратите се отвараат во 20 часот, а концертот ќе започне во 21 часот.
Влезниците за овој концерт чинат 300 денари. За резервации и повеќе информации љубителите на виното и џезот може да се јават на 078 474 656.