Четврта колекција на Ријана за PUMA

Спортската марка PUMA и пејачката Ријана уште еднаш ги здружија силите за новата, тукушто лансирана, колекција FENTY PUMA by Rihanna за сезоната пролет/лето 2018.

Новата колекција се фокусира на две креативни насоки – шик стил за на плажа и мотоспорт.

Моделите претставуваат мешавина на висока мода, есктремните спортови и облека за на плажа. Предимензионираните дускери сега се носат со тесни панталони и хеланки. Машките кроеви пак, адаптирани за женска мода, се доминантни во колекцијата.

Панталоните во мото стил неочекувано се комбинираат со кратки чизми или сандали со тенка, висока потпетица. Колекцијата содржи и маички со трендовки „лого“ принтови и костими за капење.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...