Италијанската луксузна модна марка Bottega Veneta прва го започна трендот на чевли кои имаат квадратна форма во предниот дел. Сега пак, трендот го прифатија бројни луксузни и „хај стрит“ брендови, најавувајќи го како „маст хев“ за есен/зима 2019.
Ваквите чевли веќе ги гледавме и во уличната мода, во текот на летото. А „квадратчињата“ кај прстите на нозете допрва ќе доминираат на улиците.
Prada и Balenciaga ги покажаа квадратестите модели презентирајќи ги новите колекции за сезоната есен/зима. А на наше задоволство чевли со квадратеста форма има и во есенската колекција на Зара, секако по многу подостапна цена од онаа на моделите на луксузните марки.