Читајте заедно со вашите деца: „Ромео и Јулија“ е достапна во продажба по цена од 100 денари!

Забранета љубов, драматична смрт, прекрасна поезија…Излезе од печат книгата „Ромео и Јулија“ од Шекспир, адаптирана за деца.

Читањето има значителен број придобивки меѓу кои намалување на стресот, зголемување на знаењето, проширување на речникот, дури и подобрување на меморијата.Токму овие се дел од причините зошто треба од најрани години децата да се стимулираат да читаат. Истовремено, со навремено градење на овие навики, децата подоцна имаат многу повеќе самодоверба, стекната навика и желба за читање.

Издавачки центар „Херои“ силно верува дека читањето на класиците и градењето на самодовербата кај децата треба да почне што порано, па затоа третото издание од нивната колекција е посветено токму за сите деца на возраст од 8 години, па нагоре.

Станува збор за книгата „Ромео и Јулија“ од Шекспир – неверојатна приказна која е вешто проткаена со силна емоција низ неколку ликови, со многу недоразбирања и неуспешно синхронизирани временски настани кои кулминираат со голема трагедија, но пренесуваат силна порака: Љубовта го истакнува најдоброто во нас. На крајот, љубовта е посилна од омразата.

За сите кои веќе го имаат прочитано овој безвремен класик и сакаат да се присетат на приказната преку краток текст и бројни илустрации, оваа книга ќе биде одлично збогатување на вашата домашна библиотека. Препрочитувањето на класиците е секогаш дополнителен одмор, релаксација и будење на спомени. Веруваме дека ќе уживате во ова ново и поинакво издание на „Ромео и Јулија“ од Шекспир и ќе го споделите со вашите најблиски.

Од 1 до 15 ноември, книгата ќе биде достапна низ целата земја, по цена од 100 денари, во сите трафики и продажни места за весници. Промотивната цена на книгата важи само кога се купува со дневен весник.

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...