Чоколаден колач со портокал и цимет, се топи во уста!

Познато е дека чоколадата и портокалот одлично се надополнуваат, а особено ни изгледаат примамливи овие вкусови за време на зимските денови. И ако на тоа додадеме уште цимет – пред нас имаме совршен колач.

За тестото – 3 јајца, 80 г шеќер, 100 г темна чоколада, 1 лажица пченично брашно, 1 ќесичка ванилин шеќер, исцеден сок од половина портокал, 1 лажица изрендана кора од портокал, 70 г лешници или ореви.

 За кремот – 400 мл хопла за шлаг, 200 г темна чоколада, лажичка цимет.

Подготовка

Жолчките одвојте ги од белките и изматете ги заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Стопете ја чоколадата на пареа и додадете ја на изматените жолчки, потоа додадете ги и сокот и кората од портокал, брашното и мелените лешници/ораси. Белките изматете ги во црвст снег и потоа измешајте ги во смесата.

Тркалезен калап за печење обложете со хартија за печење (дното и страните).

Загрејте ја рерната на 170 степени. Смесата за тесто рамномерно распоредете ја во калапот и печете ја 40 минути. Извадете го тестото од рерна да се излади, но немојте да го вадите од калапот.

Хоплата за шлаг загрејте ја речиси да зоврие, потоа тргнете ја од огинот и во неа стопете го чоколадото и додадете го на крајот циметот. Кога смесата ќе се излади, измиксајте ја со миксер. Рамномерно распоредете ја врз тестото за колач, во калапот, и оставете неколку часа да отстои. Дури потоа извадете го колачот од калапот. Украсете го по желба, на пример, со кандиран портокал.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...