Чоколадна диета, 5 килограми помалку, 3 причини за супер расположение!

Многумина се сомневаат во ефикасноста на чоколадните диети, сметајќи дека нема слабеење без сосема да ги исклучиме слатките од дневното мени. Ако ние се прашуваме, дефинитивно сме „за“ чоколадната диета која се основа на слатко задоволство и внес од 1.050 килокалории дневно.

di 3

Прво, да ги расчистиме заблудите околу слабеењето. Без разлика каква диета ќе одберете таа секако треба да е ваш водич за внес на помалку килокалории во текот на денот, односно познато е дека ниту една диета не може да успее доколку во текот на денот се внесат повеќе килокалории отколку што можеме да „согориме“.

Пет килограми телесна тежина за две недели може да исчезнат доколку се држиме на внесот од 1.000 до 1.050 килокалории дневно, без разлика која намирница за основа на диетата ќе ја одбереме. Ако при тоа вклучиме и физичка активност – резултатите се неизбежни.

di 2

Ако станува збор пак за позитивните страни на чоколадната диета, рака на срце – ниедна диета не е толку слатка (па, доста ни е навистина од блуткавите вкусови!) и ниедна диета не може да не направи толку расположени како чоколадната. Нема тука тајни зошто. Познато е како чоколадата делува на нашето расположение и колку не прави посреќни.

3 причини за расположение

1. Чоколадната диета го ублажува чувството дека од нешто сме се откажале, а токму таквото чувство на откажување е честа причина да прекратиме една диета.

2. Научно докажано е дека чоколадата ни го подобрува расположението.

3. Ако во диетата вклучите темно квалитетно чоколадо исхраната ќе обезбеди извор на одлични антиоксиданси, а со тоа и оваа диета ќе биде одличен прочистувач на организмот.

Диетата не треба да се држи повеќе од две недели, а во тој период ќе загубите пет килограми.

Третата недела е недела на стабилизација на постигнатата телесна тежина.

di 1

Навалете, на диета!

Во оваа диета е важен внесот на килокалории па не заборавјте да броите.

100 грама темно чоколадо содржи 500 калории. Останатите 550 калории изберете ги сами. Добро е ако речиси секојдневно во диетното мени вклучите 1 јајце, една банана со средна големина, зеленчук, малку интегрални житарки и малку чисти протеини.

Креирајте ја сами својата диета консултирајќи ја табелата на калории на производи – ТУКА. На пример, 100 грама темно чоколадо дневно (500 калории) плус една средна банана, 30 грама моцарела, 1 јајце, 1 домат, 150 грама пилешко месо  и…Една средна банана има 100 калории, па така ви остануваат уште 450 калории. Сто грама пилешки гради содржат 150 килокалории…Бројот на калориите не смее да го надмине бројот од 1.050 килокалории дневно.

Диетата дозволува да го замените наутро вашиот филџан кафе со топло какао. Најпосле, какаото нема да предизвика да се чувствувате нервозно како што е случај со кафето, антиоксиданс е и дополнително го намалува апетитот.

100 грама чоколада, но каква?

Изберете темна чоколада, а не млечна. Млечната чоколада има повеќе калории од темната. Второ, неодамнешното истражување во „Сајанс дејли“ покажува дека темната чоколада многу повеќе дава чувство на ситост од млечната.

Трета недела од диетата

Диетата немојте да ја држите повеќе од две недели. Третата недела е недела за стабилизација на телесната тежина. Продолжете во таа недела да јадете 100 грама чоколадо, а остатокот на внесот зголемете го на 1500 калории дневно, по можност без леб.

 

x

Check Also

Јајцата и слабеењето се супер пар, еве зошто

Аминокиселините се основни состојки на протеините, а од сите во јајцата е ...