Чоколадни фигури: Вкусни за непцето, убави за декорација на домот

Чоколадата може да послужи како материјал за да ги покажете вашите уметнички вештини. А чоколадните атракции не само што се привлечни, туку се и многу вкусни.

coko 2

Кој воопшто може да одолее на чоколадата?

Секое ново истражување поврзано со чоколадата и расположението, оди во оваа полза. Чоколадата го подигнува расположението, но може да послужи и за смирување после стресниот напорен ден, особено ако се препуштите на една ваква „чоколадна медитација“.

coko 3

Се што ви е потребно е топено чоколадо за готвење, лист хартија, моливче, рерна…Декорациите се оставени на вашата фантазија, и да – калапи не ви се потребни овојпат.

Видеото ве води чекор по чекор како да направите чоколадни атракции кои можат да служат за декорација (која се јаде), или како додаток, украс на веќе приготвениот десерт.

 

 

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...