Изненадете го саканото лице со превкусен чоколаден колач со форма на срце.
Потребни намирници – 2 јајца, 4 лажици шеќер, 6 лажици млеко, 6 лажици масло, 1 ванилин шеќер, половина ќесичка прашок за пециво, 10 лажици брашно, џем од вишни.
Чоколадна глазура – 100 гр чоколада, 2 лажици масло и 1 лажица млеко.
Подготовка
Измиксајте ги јајцата со шеќерот, потоа додадете ги останатите состојки, освен џемот. Смесата претурете ја во модели со облик на срце и неколку минути печете ги во претходно загреана рерна. Изладените срца поделете ги на половина и премачкајте ги со џем, а потоа повторно споите ги. Истопете ја чоколадата, потоа додадете го маслото и прелијте ги срцата со глазурата.